По драмата со Варга, селекторот на Унгарија ја откри неговата ситуација

29 годишниот напаѓач на Унгарија, синоќа заработи тешка повреда на мечот против репрезентацијата на Шкотска.

Во 70. минута од натпреварот, при еден центаршут, Варга се судри со голманот на спротивната репрезентација, Ангус Ган и дојде до голема повреда. Таму Варга заработи удар со лакт во глава, па потоа падна како покосен и лежеше неподвижно на терен.

Веднаш интервенираа лекарите кои го опкружија и направија импровизиран параван, со цел да не дојде до фотографирање од седмата сила, а по натпреварот селекторот на Унгарија ја откри ситуацијата со фудбалерот.

– Варга е стабилен, не е во животна опасност, очигледно дека ако продолжиме да играме ЕП, тој нема да биде дел од екипата, порача Марко Роси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО