Полската тенисерка Ига Швјонтек истакна дека на терен ќе се врати посилна од кога и да е, по допинг скандалот кој исплива во јавноста и во кој таа беше вмешана.
Швјонтек беше позитивна на забранетата супстанца „Тримезидин“, па е суспендирана на еден месец од играњето тенис.
– Ова е најлошото искуство во мојот живот, последните два месеци бев под истрага, во која ја докажав својата невиност. Еден позитивен тест во мојата кариера, кој покажа неверојатно низок ниво на забранета супстанца, за која никогаш во минатото немам слушнато, ги доведе во прашање сите мои резултати и труд во животот. И јас и мојот тим мораме да се носиме со стресот и анксиозноста, но можам да ви кажам дека ќе се вратам посилна по ова и со високо подигната глава. Ништо лошо не направив, се враќам уште посилна, порача полската тенисерка.
Швјонтек е моментално второпласирана на ВТА листата, а во кариерата има освоено пет гренд слем титули.
* Toj освои неколку трофеи во првенството на Португалија со Спортинг, начинот на кој тој направи пресврт со тој клуб, е неверојатен. Но тој се соочува со првиот тежок испит, а тоа е враќњето на победничкиот менталитет на клубот, мора да изгради тим кој е