По Арсенал и Баерн, баскиската ѕвезда го одби и Ливерпул!

Мартин Субименди, фудбалерот од средниот ред на Реал сосиедад и на репрезентацијата на Шпанија, ја одбил понудата на Ливерпул! Претходно на ист начин тој ги одбил Арсенал и Баерн Минхен, од проста прилина што е заинтересиран да си остане во Сан Себастијан и да потпише нов договор со Сосиедад.

Субименди, 25-годишниот играч, роден е во Сан Себастијан, во Баскија, а на младинскиот тим на локалниот гигант Реал сосиедад му се приклучил на 12 години. Седум години подоцна, тој дебитираше за првиот тим и оттогаш забележа 144 настапи, постигнувајќи седум гола.

Во претходните години, тој беше еден од лидерите на тимот на Иманола Алгуачила, кој стана познат по атрактивниот напаѓачки фудбал со огромен придонес на играчите од својата академија.

Сосиедад користи повеќе играчи од својата фудбалска школа од кој било друг клуб во петте најсилни европски лиги.

Пред четири години тој го освои единствениот клупски трофеј, Купот на Шпанија. Со шпанската репрезентација веќе има два, триумфи во Лига на нации (ЛН) лани, и на неодамна завршеното Европско првенство (ЕП), каде што одигра 45 минути во финалето против Англија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО