ПМФЛ: Три екипи на врвот со ист број бодови, Вардар со победа во Штип

Првомајското 30. коло во нашата ПМФЛ донесе неколку интересни натпревари и резултати кои ја направија битката за титулата и опстанокот неверојатно возбудлива. По денешните дуели дури три екипи со идентични бодови (58) се на делба од првото до третото место табелата, додека Вардар во дербито на дното убедливо со 0:3 славеше во Штип и со тоа ја турна Брегалница кон ВМФЛ.

Шкендија со победата над Брера Струмица од 3:2 сега е лидер, само поради подобрата гол-разлика во однос на Струга ТЛ и Шкупи кои остануваат на второто и третото место, но со идентично бодовно салдо. Шкупи денеска загуби во Гостивар со 2:0, а Струга ТЛ беше тесно поразена во Кавадарци од Тиквеш со 3:2.

Кон Втората лига оди и Македонија ЃП која денеска беше поразена од Воска на домашен терен со 2:0. Тесна победа за сигурно место во златната средина на табелата обезбеди Работнички и тоа на гости кај Силекс со 1:0. Силекс – Работнички 0-1 Македонија ЃП – Воска 0-2 Брегалница – Вардар 0-3 Тиквеш – Струга ТЛ 3-2 Шкендија – Брера 3-2 Гостивар – Шкупи 2-0

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО