ПМФЛ: Силекс убедлив против Брера, Работнички со бод се враќа од Тетово

Брера сезоната ја почна со победа над Вардар, но денеска доживеа дебакл на гостувањето во Кратово каде загубија со 4-0 од Силекс.

Серијата беше отворена уште во седмата минута кога Додев постигна гол, а потоа следуваше хет-трик на Марко Ѓорѓиевски кој даде еден гол во првото полувреме и два во вториот дел.

Работнички со бод се враќа од тешкото гостувањето кај Шкендија, натпреварот заврши 1-1.

Тетовскиот тим поведе во првото полувреме со автогол на Аломеровиќ. Работнички изедначи по седум минути игра во вториот дел кога Мазари реализираше со глава за 1-1.

Гостивар со 2-0 го победи Шкупи на мечот кој се играше во Штип. Двоен стрелец за гостиварци беше Потук.

Актуелниот шампион Струга со минимални 1-0 на свој терен ја совлада Беса која е дебитант во елитното друштво. Стрелец на единствениот гол беше Сава Радиќ по четири минути игра во второто полувреме.

Три бода освои и Тиквеш кој со 2-1 славеше над Воска. Спахиу беше двоен стрелец за тимот од Кавадарци, погодокот за Воска беше дело на Јахја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО