ПМФЛ: Шкупи го совлада Вардар, Работнички подобар од шампионот

Скопски Работнички постигна два гола во првото полувреме на дербито со Струга и успеа да го победи актуелниот шампион, нанесувајќи му го првиот пораз (2:0) во новата сезона во ПМФЛ.

 

Гандо Бјала и Аломеровиќ погодија во 26 и 40. минута од средбата за солидна предност на „романтичарите“, а Работнички истата ја задржа до крајот на средбата и го престигна денешниот ривал на табелата во ПМФЛ.

 

Шкупи со истиот резултат беше подобар од Вардар во дуел на две екипи кои имаа нови тренери токму во ова коло, а избраниците на Матија Мирков славеа убедливо на соочувањето со „црвено-црните“, предводени од Горан Петрески.

 

Гуџуфи и Ибиши ги постигнаа головите за Шкупи за одлука за победникот, a конечните 3:0 (Гуеје) беа поставени во судиското надополнување, за крај на серијата без победа за составот од Чаир, односно прва победа во третото коло од актуелната сезона.

 

До први победа дојдоа Беса и Пелистер, додека Гостивар ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Воска Спорт, со триумф со резултат 0:2. Вечерва својот натпревар ќе го одиграат и АП Брера и Шкендија.

 

Работнички-Струга 2:0

Шкупи-Вардар 3:0

Воска Спорт-Гостивар 0:2

Беса-Тиквеш 1:0

Пелистер-Силекс 1:0

 

Табела: Гостивар 7, Работнички 7, Струга 6, Шкендија 4 (-1)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО