Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички ќе ги почне подготовките за пролетниот дел од сезоната во домашното првенство со нов тренер, откако денеска спогодбено ја раскина соработката со шефот на стручниот штаб Ален Тупајиќ.
Српскиот стратег го водеше Работнички на трите последни натпревари од есенскиот дел од првенството, во кои тимот забележа порази.
„Би сакал да се заблагодарам на ФК Работнички за дадената можност за соработка. Искажувам благодарност до раководството на клубот, фудбалерите и навивачите. Ова беше кус престој, но дадов сè од себе со напорна работа да подобриме дел од работите. Не успеавме да најдеме заеднички јазик за продолжување на соработката, но на Работнички му посакувам многу успех во иднина, со надеж дека ќе успее да ги реализира целите и да обезбеди опстанок во елитата оваа сезона“, изјави Тупајиќ.
Работнички, кој ја заврши есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) на претпоследното место, во наредниот период, до почетокот на зимските подготовки, ќе се насочи кон ангажман на нов шеф на стручниот штаб.
ФОТО: ФК Работнички
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: