Ирскиот пливачки олимпиец, Даниел Вифен, кој освои два медала на Игрите во Париз, денеска изјави дека морал итно да замине во париската болница два дена по натпреварувањето во маратонското пливање на реката Сена поради „болки во стомакот“.
Златниот медалист на 800 метри слободно и бронзениот на 1.500 метри, требаше да го носи ирското знаме на затворањето, но не го направи тоа.
– Им благодарам на сите за поддршката. Многу сум разочаран што ја пропуштив шансата да бидам знаменосец синоќа. Вчера морав итно во болница бидејќи бев многу болен поради некоја инфекција, но сега се чувствувам подобро, напиша Вифен
Вифен во петокот настапи на пливачкиот маратон на 10 км во Сена, завршувајќи на 18-то место со време од 1,58 часа. Тој не ги поврзува своите проблеми со водата во реката, а организаторите потенцираат дека здравствените проблеми не можат автоматски да и се препишат на реката.
Најмалку тројца од повеќе од 100 спортисти кои учествуваа во машкиот и во женскиот триатлон, на 31 јули, пријавиле проблеми по пливањето во Сена. Меѓу нив беше и белгиската триатлона, Клер Мишел, на која исто така и требаше лекарска помош поради повраќање и дијареја.