Пјаниќ повторно го обвини Куман за неуспешниот мандат во Барселона

Миралем Пјаниќ го исполни својот сон и потпиша за Барселона во 2020 година.

Чуден беше трансферот на Пјаниќ, Барселона објави дека трансферот од Јувентус е вреде 60.000.000 евра, но за речиси истата сума од Барса во редовите на „страта дам“ се пресели Артур Мело.

Медиумите тогаш пишуваа дека сумата на тие трансфер се нереални, однос дека клубовите тоа го направиле за да ги „испеглаат“ финансиските книги.

Пјаниќ во Барселона пристигна како големо засилување, но не ги исполни очекувањата. Репрезентативецот на БиХ, редовно го обвинува тогашниот тренер Роналд Куман, тврди дека немал третман каков што заслужувал.

„Да знаев за финансиската криза во Барселона, немаше да се преселам на „Камп Ноу“, бидејќи тогаш имав и други понуди. Сепак, Барса беше мојот сон, но Роналд Куман не беше дораснат за таква работа и таков клуб“, изјави Пјаниќ.

По само една сезона беше позајмен на Бешикташ, а потоа Барселона го пушти бесплатно во Обединетите Арапски Емирати во 2022 година.

Пјаниќ одигра 30 натпревари за Барселона под водство на Куман. Босанскиот играч за врска ја напушти Барселона без ниту еден гол или асистенција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО