Пјаниќ ја заврши кариерата

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, ја заврши својата фудбалска кариера на 35 годишна возраст.

„Нема да играм повеќе. Се откажав. Сега живеам во Дубаи и веќе не сум фудбалер. Јас сум татко на мојот мал син и тој е мојот приоритет“, рече Пјаниќ во интервју за новинарот Николо Скира.

Пјаниќ во кариерата настапуваше за гигантите Барселона и Јувентус, а беше дел и од Рома, Мец, Лион, Бешикташ и ЦСКА Москва, која ја напушти ова лето.
Со Јувентус четири пати ја освои италијанската титула, а со ЦСКА го освои Купот на Русија во сезоната 2024/25.
Пјаниќ одигра 115 натпревари за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, постигнувајќи 17 голови.

ФОТО: Архива

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО