Шпанските репрезентативци по освојувањето на евротитулата во Германија мирно во очекуваат првиот натпревар во Лигата на нации (ЛН) против Србија, на „Маракана“ во Белгтрад, во четврток (20.45 часот).
Шпанија речиси во полн состав ги почна подготовките. Вчера на првиот тренинг во комплексот на фудбалскиот сојуз во Розас де Мадрид, селекторот на европскиот шампион, Луис Де Ла Фуенте, имаше многу силен тим за „отварањето“ на ЛН.
Познато е дека капитенот на шампионскиот тим, Алваро Мората, нема да игра поради повреда, Се очекува да отсуствува и најдобриот дефанзивен играч за врска во светот, Родри, кој се’ уште нема играно за Манчестер сити сезонава, исто така поради повреда. Но „фуријата“ е ексра квалитетен состав и без такви два асови.
Од друга страна, селекторот на Србија, Драган Стојковиќ има многу проблеми да состави тим за првиот, септемвриски „прозорец“ од ЛН. Уште на првиот ден од собирот се знаеше дека ќе има на располагаѓе „комбиниран“ состав.
Капитенот, Душан Тадиќ се повлече од репрезентацијата, а најголемите ѕвезди, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Душан Влаховиќ најавија дека нема да дојдат. ,секој од свои причини.
Пред првиот тренинг на ФСС во Стара пазова, Пикси откри дека поради повреди нема да настапат ниту Алекса Терзиќ, Немања Максимовиќ и Милош Вељковиќ.
Ова го составот на Шпанија за мечот со Србија:
Голмани: Давид Раја (Арсенал), Алекс Ремиро (Реал сосиедад), Роберт Санчез (Челси)
Одбрана: Дани Карвахал (Реал Мадрид), Оскар Мингеза (Селта), Емерик Лапорт (Ал Наср), Робин ле Норман (Атлетико Мадрид), Даниел Вивијан (Атлетико Билбао), Пау Торес (Астон вила), Алехандро Грималдо (Баер Леверкузен) , Марк Кукурелја (Челси)
Среден ред: Родри (Сити), Мартин Субименди (Реал сосиедад), Фабијан Руиз (ПСЖ), Алекс Гарсија (Баерн Леверкузен), Педри (Барселона), Дани Олмо (Барселона), Пепелу (Валенсија)
Напад: Феран Торес (Барселона), Ламин Јамал (Барселона), Нико Вилијамс (Атлтик Билбао), Микел Ојарзабал (Реал сосиедад), Жереми Пино (Вилјареал), Хозелу (Ал Гарафа), Ајозе Перез (Вилјареал).