Петкратната олимписка шампионка нема да трча во Париз

Елејн Томпсон-Хера (31) од Јамајка, олимписката шампионка на 100 и на 200 метри од Рио 2016 и од Токио 2020-та, ќе ги пропушти Олимписките игри (ОИ) во Париз поради повреда на ахиловата тетива.

Томпсон-Хера, освојувачката пет олимписки злата, се повреди на Гран при настанот во Њујорк, на 9 јуни. Таа е единствената спринтерка, покрај сонародникот Усеин Болт, која има освоено неколку златни олимписки медали, на 100 и на 200 метри.

Таа рече дека „малото кинење на ахиловата тетива“ и ставило крај на нејзините шанси да се натпреварува на третите ОИ.

„Тоа ќе биде долг пат, но јас сум подготвена да почнам одново, да продолжам да работам, целосно да се опоравам и да ја обновам кариерата. Повредена сум и уништена што ќе ги пропуштам Олимписките игри, но на крајот спортот и моето здравје се на прво место“, напиша Томпсон-Хера на Инстаграм.

Атлетичарките од Јамајка ги освоија последните четири олимписки златни медали на 100 метри.

Томпсон-Хера (32) ги освои златните медали на 100 и 200 метри во Рио 2016 година, и ги одбрани титулите во Токио пет години подоцна. Петтото олимписко злато го освои во Токио 2021-та, како дел од штафетниот тим на 4×100 метри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО