Селекторот на Алжир, Владимир Петковиќ се осврна на вчерашната победа над Буркина Фасо во второто коло од групната фаза на Африканскиот куп на нации.
– Тоа беше многу тежок натпревар помеѓу две силни репрезентации кои се бореа за секоја можност на теренот во текот на сите 90 минути. Бевме малку подобри во искористувањето на шансите што ги имавме. Мислам дека Буркина Фасо ќе успее ако продолжи да игра како што играше денес. Честитки до мојот тим за победата и пласманот во следната рунда, изјави Петковиќ.
Со шест бода по два натпревари, репрезентацијата на Алжир го освои првото место во Групата Е и обезбеди влез во плејофот за Африканскиот куп на нации.
Во оваа група се и репрезентациите на Судан и Екваторска Гвинеја.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: