По драматичното второ полуфинале на кошаркарскиот олимписки турнир, во кое Србија прокоцка +17 против САД, зборуваше и нивниот селектор, Светислав Пешиќ.
Очекувано, на тапет беа и судии, за кои од српскиот табор тврдат дека им го „украле“ финалето. Но Пешиќ беше нешто повоздржан.
– Играме за помалку од 48 часа за медал, па брзам и нема да зборувам многу. Горд сум на тоа како одигравме, особено затоа што се вративме од минус 24 против Австралија, почна 74-годишниот Пешиќ и продолжи:
Нашата ментална сила беше видлива, една или две топки беа решавачки. Во Србија има изрека која ја користиме, а таа е кој губи има право да се лути.
Но не сум лут, туку горд. Милутинов имаше температура, ни Јовиќ не беше подготвен. Ќе се обидеме да ги вратиме за да имаме поголема ротација против Германија, рече Пешиќ.
Тој додаде дека „не бара изговори“, туку …
– Лут сум затоа што не добивме респект од судиите, не само на овој натпревар. Затоа што ако најдобриот играч на светот шутира четири слободни фрлања за 37 минути, а Богдановиќ едно, а топката е цело време е кај нив, тогаш тоа се чудни работи. Им реков на играчите да не разговараат, туку да се борат и судиите ќе ги наградат, но тоа не го видовме, истакна Пешиќ.