Пешиќ ги одбра 12-те играчи кои ќе настапат за Србија на ОИ

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ ги одреди 12-те играчи кои ќе учествуваат на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Со дуелот против Грција завршија подготовките на српските кошаркари за ОИ, по што Пешиќ ги објави кошаркарите кои ќе играат во Париз. На списокот во последен момент се најде и Дејан Давидовац, кој поради повреда не настапи на претходните контролни натпревари.

Покрај Давидовац, на списокот се Богдан Богдановиќ, Никола Јокиќ, Алекса Аврамовиќ, Никола Јовиќ, Огњен Добриќ, Филип Петрушев, Никола Милутинов, Урош Плавшиќ, Вања Маринковиќ, Марко Гудуриќ и Василије Мициќ.

Од првичниот список од 16 играчи отпаднаа Алексеј Покушевски, Огњен Јарамаз, Алекса Раданов и Душан Ристиќ. Србија е во групата Ц, со САД, Јужен Судан и Порторико.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО