По многу случувања и перипетии во Хајдук, Иван Перишиќ на крајот заврши во ПСВ.
Како што самиот тврди, тој е изненаден што заврши во холандскиот клуб ПСВ, бидејки имал доста понуди од Шпанија, Франција и Италија.
– По малку сум изненаден што завршив во ПСВ, бидејки имав доста други понуди од Шпанија, Франција и Италија, но на крајот потпишав со холандската екипа. Лесно ја прифатив понудата од ПСВ, сакав едноставно што побргу да се заврши овој процес, да потпишам и да почнам да тренирам и да играм.
– Сакам да играм за трофеи, а во ПСВ тоа ќе го имам. Обожавам промени и нови држави, сакам да победувам. Освен од европските, имав понуди и од арапските клубови, но сакам да играм за важни трофеи, а ПСВ е совршен за тоа. Имав некои тешки повреди минатата година, но се вратив во форма и сега сум подготвен за нов предизвик, порача Иван Перишиќ.
Перишиќ во Хајдук се задржа доста кратко, откако имаше одредени проблеми со тренерот Гатузо. Претходно во кариерата има настапуваше уште и за Сошо, Дортмунд, Волфсбург, Клуб Бриж, Интер, Баерн и Тотенхем.
Инаку за прекин на договорот, Иван Перишиќ на Хајдук му исплатил 200.000 евра.