Барселона го освои шпанскиот Суперкуп. До 15.трофеј во ова натпреварување, Барселона дојде на доминантен начин, го победи најголемиот ривал Реал Мадрид со 5:2.
И покрај тоа што Реал поведе, Барселона до полувремето постигна четири гола, а во вториот дел ја заврши работата, иако од 52. минута играше со фудбалер помалку.
Лука Модриќ играше од 64. минута и не успеа да го освои својот 29. трофеј во дресот на Реал.
Шпанската телевизија „Мовистар“, објави дека претседателот на Реал, Флорентино Перез му пришол по натпреварот и му рекол: „Еднаш моравме да загубиме финале, нели?“
Ова е трето загубено финале за Модриќ со Реал Мадрид. Тие загубија и во финалето на шпанскиот Суперкуп во сезоната 22/23, како и во Суперкупот на УЕФА 2018 година.