Пеп за првпат во кариерата загуби четири првенствени натпревари по ред

Манчестер Сити загуби четири натпревари по ред во Премиер лигата за првпат по 16 години. Избраниците на Пеп Гвардиола загубија на гостувањето кај Ливерпул со 0:2 во 13. коло од Премиер лигата.

Пред ова „граѓаните“ загубија од Борнмут (1:2), Брајтон (1:2) и Тотенхем (0:4). Ова не му се случило на Сити во Премиер лигата од август 2008 година.

Покрај тоа, Пеп Гвардиола загуби четири првенствени натпревари во низа за првпат во својата тренерска кариера.

По мечот, Пеп Гвардиола проговори за скандирањата на навивачите на Ливерпул за неговото отпуштање. „Ќе бидеш отпуштен наутро!“, скандираа на „Енфилд“ домашните навивачи.

„Тие сакаат да добијам отказ. Посакувам да беа пољубезни. Зошто не го направија ова кога резултатот беше 1:0? Зошто не го направија ова минатата сезона кога ја освоивме Премиер лигата? Зошто сега сакаат да добијам отказ?

Не го очекував ова од Енфилд. Од другите клубови како Брајтон можам да го разберам тоа. Но, не го очекував ова од Енфилд. Можеби станува збор за почитта што ја заслужуваме. Тие знаат дека освоивме шест титули во Премиер лигата“, рече Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО