Манчестер јунајтед го победи Манчестер сити со 2:1 на гости во 16. коло од Премиер лигата. Актуелниот шампион на Англија водеше до 88. минута со голот на хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, но не успеа да победи.
„Вакви работи почнаа да ни се случуваат пречесто. Нашиот начин на игра не беше добар. Порано сè се одвиваше многу глатко, сега се мачиме. Имаме многу порази сезонава.
Тешко е да се прифати дека на крајот ние примивме два гола и загубивме Не сме имале толку порази во претходните две сезони, загубивме премногу натпревари“, изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола по натпреварот.
До 88. минута се чинеше дека Сити ќе дојде до победата, а потоа за две минути се’ се урна, најмногу благодарение на Амад Диало. Над 22-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска најпрвин беше направен пенал (Матеус Нунеш), што го реализира Бруно Фернандеш за израмнување на 1:1.
Две минути подоцна Диало им побегна на дефанзивците на Сити, го мина истрчаниот домашниот голман Едерсон и ја испрати топката во небранетата мрежа за конечни 2:1.
– Мислам дека овој пораз не беше најлошиот во последните девет години. Во Лигата на шампиони поразите беа многу потешки. Но во моментов ни требаат резултати за да го кренеме расположението. Станува се’ полошо и полошо. Морам да најдам решение. Досега не сум успеал и тоа е вистината, истакна Гвардиола.