Пеп: Родри може да конкурира за „Златната топка“

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека е пресреќен бидејќи неговиот играч Родри, беше прогласен за најдобар на последното Европско првенство во Германија.

Членот на „граѓаните“ успеа со неговата селекција Шпанија да се израдува на победничкиот пехар откако во финалето беше совладана Англија со 2:1.

-Неговата постојаност е неверојатна. Нема да кријам, би бил среќен ако може да ја добие и „Златната топка“. Но, да се биде номиниран или да се освои, тоа е фантастично за него, се разбира, за неговото семејство и пријателите. Исто така и за Манчестер Сити и целиот клуб“ – вели Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО