Пеп по заминувањето на Јирген Клоп: Сега ми е полесно, ќе спијам мирно ноќта пред мечот со Ливерпул

Деновиве најголема приказна на Островот е заминувањето на Јирген Клоп од Ливерпул на крајот од актуелната сезона.

Во Ливерпул имаат премногу почит за германскиот стратег, пред се поради титулите во Лигата на шампионите и пред се во Премиер лигата.

Многу од навивачите беа шокирани со одлуката на Германецот, но сеопштата фудбалсма маса во Англија, меѓу кои и дел од тренерот во првенството.

Пеп Гвардиола го прашаа што мисли за заминувањето на Јирген Клоп од Ливерпул, тој одговори:

– Имам чувство дека напушта и дел од нас, од Манчестер Сити. Ливерпул е нашиот најголем ривал во последно време, а ми беше ривал и додека беше дел од Борусија Дортмунд. Тој е неверојатен тренер и ги заслужува сите почести.

– Тој е неверојатна личност, го познавам добро, но ја разбирам неговата одлука. Тој ќе се врати, ние менаџерите понекогаш се заморуваме, па јас потполно го разбирам. Секогаш беше задоволство да се види како раководи со Ливерпул и со неговиот позитивне пристап. Но едно знам, сигурно подобро ќе спијам ноќта пред да играме со Ливерпул, сега кога тој заминува, порача Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО