Ерлинг Халанд повторно беше главната приказна во победата на Манчестер Сити кај Вест Хем со 3:1.
Норвешкиот фудбалер постигна хет-трик и повторно најави една бурна сезона во која тој ќе го има главниот збор на теренот.
Пеп Гвардиола беше повторно импресиониран од истрајноста на фудбалерот да постигнува голови и да ги тормози ривалите, па по натпреварот со Вест Хем даде интересна изјава.
– Последниот гол, или оној првиот каде Бернардо му ја додаде топката, едноставно незапирлив е. Не постои дефанзивец кој може да го запре, дури ни со пиштол, невозможно е. Тој е премногу моќен. Луѓето го обожаваат поради тоа што го прави на теренот, порача Пеп Гвардиола.