Пеп го пофали Арсенал, но им најде и замерка: Постојано го правеа тоа, цел натпревар!

Пеп Гвардиола воопшто не е задоволен од арбитражата на судиите на денешното дерби против Арсенал.

Попладнево бевме сведоци на еден крајно интересен и неизвесен натпревар меѓу две екипи кои се ривали за титулата, а Пеп имаше сериозни замерки на главниот судија.

Шампионите во самиот финиш од средбата спасуваа бод, односно освојуваа бод со голот на Џон Стоус во 97. минута, но и покрај тоа, Пеп имаше што да каже.

– Арсенал овде дојде со план, знаеа како да одиграат, беа комплактни и брзи на теренот. Сите честитки за Арсенал, не е лесно да се игра против ваква екипа. Ние цело време бевме во игра, додека тие прекумерно лежеа по теренот. На крајот имавме среќа што постигнавме гол за изедначување.

Друга работа на која Пеп се осврна беше за изедначувачкиот гол на Арсенал за 1:1.

– Следниот пат кога ќе побара капитенот да оди на разговор, ние нема да го испратиме да разговара со судијата, затоа што ќе нема време да се врати на својата позиција, со цел да избегнеме брзи акции и додавања на противникот, како што Арсенал го направи тоа денеска, порача Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО