Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер го победи Вардар во 15.коло, во Супер лигата со 35:33. Вардар и покрај поразот можа да биде задоволен бидејќи во меѓусебниот дуел е поуспешен од вечниот ривал. Првата нивна пресметка, Вардар ја доби со четири голови разлика.
Вардар беше на колена по првото полувреме во Битола. Разиграните домаќини го отворија натпреварот со 8:4, Вардар се врати со серија 1:5 (9:9). Од тој момент Пелистер влезе во неверојатн ритам и до крајот на првиот дел оставри предносѕ 22:13.
Се очекуваше реакција од црвено-црните и тоа и се случи. Трпеливо ја топеа разликата и на осум минути до крајот на мечот ја намалија негативата на само два гола (31:29). Во последните 120 секунди екипте влегоа со резултата 34:33, но до крајот само Пелистер погоди за 35:33.
Две третини од головите на Пелистер постигнаа двајца играчи, Богдан Радивојевиќ постигна 13, а Кузмановски осум. Вардар го предводеа Крсманчиќ и Петриќ со девет односно шест гола.
На табелата лидер е Алкалоид со 28 поени, два повеќе од Вардар и Пелистер.