Партизан се ослободи од „бунтовникот“: Кабокло има нов клуб

Сагата околу Бруно Кабокло и Партизан е конечно завршена, бразилскиот кошаркар има нов клуб.

Многу се шпекулираше деновиве за „бунтовникот“ од редовите на Партизан, но сега е потврдено дека тој има нов клуб, тренираше со „Вориорс“, а на крајот ќе игра во Еврокупот.

Беше јасно дека Партизан не може да смета на него по низата пропусти и недисциплина и беше прашање само каде тој ќе заврши.

Многумина веруваа дека може да заврши дури и во ЛА Клиперс, тренираше со Вориорс, а на крајот ќе го облече дресот на Хапоел Тел Авив, а Партизан во име на обештетување за Кабокло ќе добие 500 000 евра.

Хапоел сезонава одлично се засили, го донесоа Џонатан Мотли од Фенер, Патрик Беверли од НБА лигата, така да ќе биде интересна сезона за нив.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО