Партизан некомплетен ги почнува подготовките за новата сезона

Партизан новата натпреварувачка сезона ќе ја почне против Борац од Чачак во рамки на АБА лигата.

Подготовките за Партизан ќе продолжат во Атина, но не во полн состав, бидејки ќе им недостасуваат четворица кошаркари.

Ајзеа Мајк се опоравува од повредата и нема да го има на стартот од новата сезона, а ќе го нема ни Андреа Лекиќ. Исто така ќе го немаат и младиот Алекса Димитријевиќ и Митар Бошњаковиќ.

Тоа значи дека Жељко Обрадовиќ ќе проба да ја воигра екипата и да ја подигнат формата пред почетокот на сезоната, без овие четворица.

Партизан сезоната ја почнува со меч во АБА лигата, а во Евролигата од нив се очекува многу оваа сезона, посебно ако се види каков тип на играчи донесоа изминатите неколку недели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО