Зек Ледеј е и дефинитивно најомилен кошаркар на Партизан сезонава, а потврда за тоа доаѓа вечерва од пред „Штарк Арена“, каде споменатиот играч ги подигна „гробарите“ на нозе.
Само десетина дена откако Џејмс Нанели направи вистински навивачки хаос во онлајн продавницата која се наоѓа пред арена, со цел да се дружи со навивачите, сега нешто слично се случи и со Зек Ледеј.
Партизан и претходно најави дека ќе има дружба на Ледеј со навивачите, а многумина од нив со часови чекаа во колони со цел да дојдат до потпис и фотографија со играчот.
Ледеј пред „Арена“ се појави некаде околу 19 .асот, а навивачите крилниот центар на Партизан го пречекаа со широко отворени раце. Еден по еден навивач му приоѓаа за потпис и фотографија со него, па може да се каже дека тој имаше полни раце работа. Дружбата трае и понатаму.
View this post on Instagram