Пантер пред заминувањето за Барселона: Можеби Жељко ќе се налути, но ќе споделам една анегдота..

На заминување кон Барселона, Кевин Пантер не заборави преку уште едно интервју, да се прости од навивачите за кои тој беше симбол на една истрајност и борба.

Тој потенцира дека за ништо не жали, ни за перидот кога дошол во Партизан, а клубот тогаш играше во Еврокупот и тоа го потенцира како „најдобрата одлука во кариерата“.

– Доаѓањето во Партизан, кога клубот играше во Еврокупот, беше најдобрата одлука која ја донесов во кариерата. Се сеќавам колку луѓе мислеа дека сум луд или дека доаѓам поради пари или не знам поради што, а погледнете од денесна перспектива. Партизан е клуб за кој сите зборуваат, не ми слам дека е поради мене, туку поради заедништвото. Изминатите три сезони никогаш нема да ги заборавам, порача Пантер.

Тој се осврна и на анегдота со Обрадовиќ во минатото:

– Можеби ќе се налути, но нема врска. Знае дека го сакам. Оваа сезона во Пиреа, се подготвуваме за мечот со Олимпијакос, работиме на тренинг и нешто го налути во момент, не знам точно што и кој, но експлодираше и ни рече дека ако така играме, ќе не еб** на сред терен. Но не се заврши на тоа само, но таков тренер е Жељко, бара да играте на максимум. Верувајте има многу такви ситуации кои нема да ги заборавам никогаш, порача момчето од Њујорк, кој од новата сезона ќе биде член на Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО