Пандев: Седлоски може да го подигне нивото на селекцијата

Некогашниот фудбалски репрезентативец Горан Пандев му честиташе на Седлоски за новата функција и истакна дека токму тој е вистинскиот избор за селекторската клупа на Македонија.

-Најпрво, сакам да му честитам на Гоце Седлоски што е именуван за нов селектор. Исто така благодарност на Благоја Милевски за се што направи за Македонија и за македонскиот фудбал. Седлоски го знам многу години, сме играле заедно. Го знам како карактер, како човек и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата. Се работи за човек што многу дал на мак-фудбалот како играч и последните години и како тренер што беше во екипите во Македонија и надвор од неа. Се работи за млад перспективен тренер што може да го подигне нивото на репрезентацијата. Пред сите нас следи работа, верувам во него и му посакувам успех во А-репрезентацијата, рече Пандев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО