Панатинаикос со мега буџет, ги следи Реал, тука е и Виртус Болоња

Новата сезона во Евролигата само што не е почната, а веќе тимовите се скоро склопени.

Најсилен буџет за новата сеозна ќе има актуелниот шампион во Евролигата, тимот на Панатинаикос, кои на располагање ќе имаат неверојатни 50 милиони евра, односно десетина милиони повеќе од она што го има Реал Мадрид како буџет, што секако ги прави фаворити и годинава за европскиот трон.

Но и останатите клубови не заостануваат премногу зад овие бројки. На пример деновиве беше објавено дека клубот Виртус Болоња ќе има буџет од 26 милиони евра, што не е за потценување.

Неодамна и првиот човек на Евролигата, во едно интервју беше прашан дали клубови кои имаат над 25 милиони евра буџет, можат да бидат конкурентни за европскиот кошаркарски престол, тој одговори на тоа потврди, што значи дека и Болоња сезонава нема да биде за потценување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО