Палмер останува во Лондон

Играчот на Челзи Кол Палмер останува во Челзи, објавува „Скај спортс“. Неговиот договор со „сините“ од Лондон е со важност до 2033 година. Така да евентуалниот трансфер во Мначестер Јаујтед тешко е да се реализира.

Палмер пред 2,5 години дојде од Манчестер Сити и во дресот на Челзи има постигнато 41 гол и 19 асистенции. Добрите игри се причината за интересот на другите клубови, но повредите пред сè на препоните се пречка во неговата кариера и оваа сезона има одиграно само 12 натпревара.

Проблем за трансфер може да претставува во моментов и високото обесштетување кое се проценува на 120 милиони евра.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО