Па зарем и за Челси има прескап играч? Сините одбиваат да ја платат оваа цифра!

По доаѓањето на Тод Боели во Челси, клубот од Лондон на повеќе играчи потроши вртоглави суми на пари и се чини дека нема играч кој ќе им се допадне, а нема да го купат поради цената.

Како останатите екипи, така и Челси на големо се подготвува по ЕП за трансфер периодот, а како што јавува Фабрицио Романо, дури и за Челси се појавило скапо трансфер решение, иако цифрата не е многу висока.

Челси биле заинтересирани за Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, но откупната клаузула на овој фудбалер наводно била прескапа за нив, а изнесувала 58 милиони евра, плус одредени бонуси кои ги барал Атлетик Билбао и големата плата на играчот.

На таа цена, кога ќе се додаде и данокот, Челси не бил расположен да го плати тоа, па веројатно трансферот и ќе пропадне.

Но сепак, фудбалерот на Атлетик Билбао е брилијантен на ова ЕП, па не би било за изненадување, доколку лондонскиот клуб се предомисли на крајот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО