Над 10.000 спортист(к)и ќе дојдат во Париз на Олимписките игри (ОИ), а стотици ќе престојуваат во околните градови и други места каде што ќе се одржуваат натпреварите кои едноставно не можат да се организираат во главниот град.
Станува збор за едрење, сурфање, но и стрелаштво, кошарка, одбојка и други спортови.
Најголем дел од спортист(к)ите ќе бидат сместени во олимпиското село кое се наоѓа во Сен Дени. За потребите на ОИ изградено е „село“ полно со нови згради.
Сепак, на натпреварувачите таму нема да им биде дозволено да се однесуваат како да се „пуштени од синџир“, туку ќе мора да следат јасно поставени правила, од кои некои, може да се каже, се дури и бизарни.
Како прво, на спортистите не им беше дозволемо да влезат во селото до 18 јули, а по доаѓањето во Сен Дени ќе мора да останат во истата зграда со својата национална делегација и ќе нема мешање со другите спортисти за време на натпреварите.
Дополнително, спортистите не можат со себе да ги донесат своите семејства и пријателите во олимпиското село. Доброто е тоа што жените спортистки кои се и мајки може да ги земат бебињата со себе.
Приватното обезбедување на спортистите може само одвреме-навреме да се појави во олимпиското село, додека секој спортски колектив поединечно одредува кој со кого ќе спие и ќе со кого ќе биде цимер(ка).
Во собите не смеат да се мешаат малолетниците и постарите, па затоа малолетниците се одвоени од постарите. Дополнително, многу се зборуваше за креветите кои сега им се прилагодени на сите, а натпреварувач(к)ите ќе мора да го почитуваат и „куќниот ред“, па не смее да има врева од 10 часот навечер до 7 наутро.
Алкохолот не е достапен, а спортистите ќе можат да се дружат со други натпреварувачи од други земји за време на натпреварите.
Во олимпиското село ќе може да се внесат диететски производи, а натпреварувачите можат да влегуваат и да излегуваат во секое време.
Во олимпиското село не се дозволени миленичиња, но спортистите ќе можат да користат велосипеди и да ги украсуваат зградите во кои се сместени.
Сепак, она што е многу важно е дека спортистист(к)ите воопшто не мора да престојуваат тука и можат да изберат било какво друго приватно сместување.