Ова би било тотално неочекувано: Од Манчестер Јунајтед до еден не така голем клуб во Италија?

Рафаел Варан во финалето од ФА Купот во Англија, го одигра последниот меч за Манчестер Јунајтед и како што стојат работите во моментот, би можеле да го гледаме во Италија.

Тамошните медиуми пренесуваат дека за услугите на овој искусен дефанзивец е заинтересиран повратникот во Серија А, тимот на Комо.

На тренерската позиција на овој клуб се наоѓа Цеск Фабрегас, кој неодамна рече дека имаат големи амбиции за идната сезона.

Нивните амбиции не се однесувале по прашање на опстанок во лигата, туку дека размислуваат и за сезона или две, да конкурираат за некое од местата кои водат во Европа.

Варан иако има 32 години, игра доста добро и сигурно ќе биде интересно да се проследи кој ќе биде неговиот иден клуб во кариерата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО