Откриено што точно урлал Белингем кон Саутгејт пред замената на Хари Кејн во финалето

Репортерот на ЕСПН, Марк Огден, откри што се случувало меѓу репрезентативецот на Англија, Џуд Белингам и селекторот Герет Саутгејт, за време на финалето против Шпанија на ЕП.

Англија беше поразена во финалето од Шпанија со 2:1, иако се надеваа дека токму овде и сега ќе го прекинат постои кој им трае со децении.

Неколкупати низ директен пренос, можеше да се види нервозна реакција на Белингем кон селекторот Саутгејт, а сето тоа кулминирало кога Саутгејт решил да го промени Хари Кејм.

Откриено е сега што му рекол Белингем од терен на Саутгејт.

– Белингем беше фрустриран, не знам дали камерата го улови тоа, но пред да биде заменет Кејн, Белингем ги загуби нервите и урлаше по Саутгејт… „промени нешто, дај промени нешто веќе, а потоа се случи замената на Кејн, открива Огден.

На негово место Саутгејт го внесе Оли Воткинс, што за многумина беше големо изненадување, па и за самиот Белингем, кој и по натпреварот му префрлал на Саутгејт.

По загубената битка за европскиот трон, Саутгејт најави дека ќе поднесе оставка и го оддржа зборот на крајот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО