Првиот човек на македонскиот спорт, Борко Ристовски, ја заокружи годината која минува со сумирање на проектите и заложбите во кои успеа за краток период да се истакне улогата на Министерство за спорт.
Ристовски стави акцент на поддршката кон спортистите, поттик од секаков аспект кон тракекторијата на успехот, инфраструктурните промени и спорт без корупција.
,,Изминатава година беше многу значајна за македонскиот спорт, со многу предизвици, но и успеси кои ги постигнавме заедно. За само шест месеци, се’ она кое што планиравме успеавме да го реализираме. Воедно, сакам и да ве информирам во која насока сакаме да одиме и во наредната година. Со гордост можам да кажам дека Министерството за спорт ги направи чекори во градењето на еден поцврст и постабилен спортски систем, ситем кој ќе обезбеди можности за сите, од најмладите таленти до врвните спортисти. Како што знаете, наследивме институција којашто беше апсолутно руинирана по сите основи, без обезбедени финансии за нормално функционирање”.
Министерот Ристовски ја сумираше цифрата на вложениот финансиски капитал за македонскиот спорт:
,,За брзо време, успеавме да ги промениме работите. Ги обезбедивме субвенциите за федерациите и клубовите во висина од 550. милиони денари. Обезбедивме и 203. милиони денари од дополнителни приходи и ги исплативме и тие средства, или вкупно, во овие шест месеци обезбедивме 703. милиони денари државна помош за македонскиот спорт”.
Со особено задоволство, Ристовски потенцираше на младите надежи и помошта кон истите во вид на 500. стипендии:
,,Ја продолживме соработката и потпишавме со 500. стипендисти. Млади талентирани спортисти кои ќе бидат поддржани од државата”.
Ристовски се осврна и на проектите кои ги отпочна со целосна реконструкција ресорот за спорт, истакнувајќи ги спортските сали во Ново Село, Радовиш и култната ,,Расадник”, атлетската патека во Гевгелија, почеток и завршница на пет мултифункционални игралишта, и три фудбалски игралишта.
За следните 365. дена, Борко Ристовски најави прва Олимписка сала за боречки вештини во Македонија, над 15. нови мултифункционални игралиште, изградба на пет спортски сали и нов, повеќенамески Спортски центар во Гази Баба, со почеток на градба кон крајот на годината:
,,За следната година во план ни е да ги завршиме сите пет фамозни базени, коишто претходната Влада ги остави да бидат како ругло по градовите низ Македонија. Зацртавме да изградиме пет нови спортски сали низ Македонија и над 15. мултифункционални игралишта. Отпочнуваме со изградба на Олимписка сала за боречки вештини во Општина Бутел. Кон крајот на годината, очекуваме да започне изградбата на мултифункционален Спортски центар во Општина Гази Баба, нешто кое што го најавивме и пред изборите. Ивестираме во спортската инфраструктура затоа што мислиме и цениме дека ифраструктурата мора да постои како основа за развој на спортот”.