Осимен го пропушта полуфиналето против Јужна Африка?

Неизвесен е настапот на нигерискиот фудбалер Виктор Осимен во полуфиналниот натпревар од Африканскиот куп на нации (КАН), против Јужна Африка поради здравствени проблеми.

Фудбалерот на Наполи почувствувал болки во стомакот, па бил задржан на лекарски прегледи и постои можност да го пропушти полуфиналниот натпревар против Јужна Африка, објави денеска „Атлетик“.

Осимен во досегашниот тек на КАН постигна еден гол и забележа една асистенција на пет натпревари.

Натпреварот меѓу Нигерија и Јужна Африка се игра во среда од 18:00 часот во Буаке.

Нигерија досега три пати беше победник на КАН, а доколку ја победи Јужна Африка во финалето ќе игра со победникот од дуелот Брегот на Слоновата коска – ДР Конго.

Африканскиот куп на нации се игра во Брегот на Слоновата Коска од 13 јануари до 11 февруари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО