Организаторите на САД опен заработуваат милиони долари од коктел!

На САД опен, последниот грен слем сезонава, што почна пред неколку дена, покрај фантастичниот тенис, уште една работа ги окупира насловните страници на американските медиуми.

Не е Јаник Синер и неговата „допинг-афера“, туку станува збор за коктел! Од 2006 година, гледачите на грен слем турнирот во Њујорк жедта ја гаснат со коктелот „The Honey Deuce“ што содржи вотка, лимонада, ликер од малини и е украсен со три топчиња од диња кои изгледаат како мини тениски топчиња.

Популарниот коктел пијалок годинава чини 23 долари, еден долар повеќе од лани. Ова е шесто поскапување на овој пијалок од 2012 година, а неверојатен е податокот дека за две недели колку што трае турнирот заработката од овој коктел достигнува 10 милиони долари.

Oрганизаторите заработуваат многу пари од коктелот со што можат да исплатат дел од наградите за победниците и за учесниците на турнирот.

Паричните награди се исти за жените и за мажите. Победниците ќе добијат по 3,6 милиони долари, а поразените во финалето двојно помалку, по 1,8 милиони. Полуфиналистите ќе добијат по милион долари итн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО