Опенда нема да може да биде продаден ова лето

Ѕвездата на РБ Лајпциг, Лоис Опенда нема да биде достапeн за купување ова лето, информираше трансфер специјалистот Фабрицио Романо.

Офанзивниот играч ќе има ослободителна клаузула од 80 милиони евра во неговиот договор, кој започнува во летото 2025 година.

Опенда има 28 гола во сите натпреварувања оваа сезона, а РБ Лајпциг е презадоволен од неговиот настап и нема намера да се раздели со својот најдобар стрелец. Опенда би можел да биде уште еден играч кој германскиот клуб го продава за сериозна сума.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО