Откако падна на првиот неофицијален тренинг пред неделната трка за Големата награда на Индонезија, Мигел Оливеира нема да може да вози овој викенд.
Неговиот тим „Трекхаус Рејсинг“, потврди дека Оливеира се здобил со фрактура на зглобот на десната рака..
„По детални прегледи и снимање, утврдено е дека се работи за повеќекратни скршеници на радијалната коска. Повредата е санирана, Оливеира е во добра состојба и се враќа во Португалија, каде ќе се консултира со хирурзи за дефинитивно да утврдат дали е неопходна операција“, објави тимот на Оливеира..