Филипинскиот гимнастичар, Карлос Јуло (24), кој освои два златни медала на Олимписките игри (ОИ) во Париз, во својата земја беше пречекан како херој со многубројни награди вредни повеќе од милион долари!
Јоло за двете злата (на партер и во прескок) од Владата ќе добие околу 350.000 долари, а од Претставничкиот дом уште 100.000 евра.
Трофејниот гимнастичарк доби подароци и од многубројни бизнисмени и филипински компании. Веќе добил и двособен стан во градот Тагуиг, два водечки превозника во земјата му ветиле бесплатни авионски билети доживотно, добил и разни козметички производи, бесплатни оброци, слатки, лекарски прегледи….
Локалната платформа за стриминг ќе му овозможи доживотен пристап до целата нејзина содржина, а вредни награди за него подготвува и родниот град Манила.