Оклахома го совлада Голден Стејт за четврта победа по ред

Актуелниот шампион во НБА-лигата, Оклахома Сити рано утрово го победи Голден Стејт на гостински терен со 131:94.

Плејмејкерот на Оклахома Сити, Шеј Гилџус-Александер, беше најефикасен кошаркар на натпреварот со постигнати 30 поени.

Оклахома Сити го доби својот четврти натпревар по ред и продолжува да ја предводи Западната конференција. Голден Стејт е осми на Западот.

Резултати на другите средби од НБА-лигата играни ноќта петок кон сабота:
Индијана – Сан Антонио 113:123
Вашингтон – Бруклин 119:99
Кливленд – Денвер 113:108
Њујорк – Атланта 99:111
Чикаго – Орландо 121:114
Милвоки – Шарлот 122:121
Њу Орлеанс – Портланд 109:122
Феникс – Сакраменто 129:102
ЛА Лејкерс – Мемфис 128:121.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО