Директорот за комерцијални операции на Организацискиот комитет на Олимписките игри (ОИ) во Париз, Дамиен Ражо, рече дека се најпосетени во историјата на олимпизмот и оти досега се продадени повеќе од 9,5 милиони влезници.
– Ова е рекордна бројка за Олимписките игри во однос на посетеноста. Претходно најмногу влезници беа продадени за Игрите во Атланта 1996-та.
Моментално сме и на врвот според продажбата на влезниците и за Параолимписките игри. Дневно се продаваат и по 20.000, a бројката и натаму расте, рече Ражо.
ОИ во Париз ќе траат до 11 август. Веднаш потоа ќе бидат и Параолимписките игри (ПОИ), од 28 август до 8 септември.