Ограбен е Ролан Гарос!

Непознати сторители ноќта помеѓу четврток и петок, организирале грабеж во просториите на Ролан Гарос.

Провалниците просториите на Ролан Гарос ги напуштиле со 11.000 евра и околу 20.000 евра во накит, било евидентирано од полицијата.

Француските медиуми најавуваат дека тамошната полиција врши опсежни мерки и проверки со цел да се најдат провалниците и да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Непознатите сторители добро знаеле каде да влезат и што да скршат, што зборува за тоа дека тие добро го познаваат комплексот. Успеале да ги прескокнат високите огради и да допрат до парите кои биле во комплексот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО