Македонскиот фудбалер Илија Несторовски официјално е новото засилување на Славен Белупо, објавија од хрватскиот клуб.
Нашиот 34-годишен напаѓач и Славен Белупо се договорија за соработка и потпишаа договор до крајот на оваа сезона.
Несторовски доаѓа по кариерата во Италија каде играше за екипите Удинезе и Палермо.
Претходно веќе играше во Хрватска запишувајќи 35 настапи во тамошниот шампионат играјќи за Интер од Запрешиќ.
До сега вкупно 52 пати го облече дресот на македонската А репрезентација и 10 пати се запиша во листата на стрелците.