Одржано редовно годишно Собрание на Кошаркарската федерација

Кошаркарската федерација на Македонија денеска, во Скопје, го одржа редовното годишно Собрание. На Собранието беа присутни 39 делегати од 45 (делегати, претставници од клубови и здруженија и асоцијации) со право на глас.

На седницата беа донесени одлуки за усогласување на регулативите и нормативите со ФИБА стандардите, како и регулација на актите на Олимпискиот комитет и правните норми.

На собирот на највисокото тело на федерацијата се дискутираше и за некои укажувања од страна на претставници на Здружението на младински лиги и тренерската организација. Федерацијата апсолутно ги поддржа нивните размислувања и идеи, и изрази максимална подготвеност за имплементирање во кошаркарските регулативи во наредниот период.

Фото: МКФ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО