Дебито во дресот на Милан, Алваро Мората го одбележа со гол во саботниот меч против Торино 2:2.
Но како што беше денеска потврдено, на Алваро Мората го чека долга пауза од официјални натпревари, поради повреда која ја добил на овој натпревар.
Мората одигра одличен натпревар и беше еден од главните играчи на Милан на оваа средба, но сега ќе мора повеќе недели да одмара и да ја залеч повредата.
Како што денеска извести Џанлука Ди Марзио, за очекување е Мората да отсуствува од натпреварите на Милан барем четири недели.
Станувало збор за обновена повреда на мускулот, нешто што го следи низ цела кариера овој фудбалер.