Одигран најдолгиот меч во историјата на турнирот во Њујорк

Британецот, Ден Еванс направи неверојатен камбек и го доби најдолгиот меч во историјата на САД опен, победувајќи го Русинот, Карен Качанов за 5,35 часа!

Еванс (34) имаше негатива од 0:4 во одлучувачкиот сет, но некако собра ментална и физичка сила за да победи со 6:7, 7:6, 7:6, 4:6 и 6:4.

Во тензичната завршница, 23-от фаворит, Качанов спаси две меч топки пред третата да ја испрати во мрежата.

Двајцата тенисери заслужено добија стоечки овации од публиката на преполниот надворешен терен во Флешинг Медоус. Секој сет беше битка до изнемоштеност и траеше повеќе од еден час. Првиот  68 минути, вториот  67, третиот 72, четвртиот 67 и петиот 61 минута!

Со тоа тие го надминаа претходниот рекорд на САД опен за најдолг меч, поставен од Стефан Едберг и од Мајкл Чанг во полуфиналето 1992 година, за девет минути.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО