Швајцарскиот скијач, Марко Одермат, победи во велеслаломот возен во Банско во рамките на Светскиот куп во Алпско скијање.
Тој ја помина патеката во Бугарија за 2.15.75 минути пред Александар Стин Олсен (Норвешка) со заостанување од 0,91 и Мануел Фелер (Австрија) – кој заостана речиси една секунда за победникот. Лара Гут- Бехрами пак победи во велеслаломот од Светскиот куп во Андора.
Швајцарката на трката во Солде успеа да дојде до време од 1.59.27 минути што беше доволно да се искачи на највисокото место на пиедесталот. Второто го пополни Алис Робинсон (Австралија) а третото, Еј Џеј Херт (САД).