Македонската одбојкарска репрезентација забележа убедлива победа од 3:0 во сетови против Грузија на стартот од квалификациите за Европското првенство во 2026.
Одлични беа македонските одбојкари уште од самиот почеток, па поведоа со 15-7 и така го најавија освојувањето на првиот сет кој заврши со 25:12 во наша корист.
Не се промени многу сликата ниту во вториот сет кој го освоивме со 25:14. Во последниот Грузијците освоија најмногу, 18 поени, но тоа не значеше ништо во конечниот исход.
Во следниот меч избраниците на Хари Наковски ќе се соочат со Грција.